КАЕВСКИ : ВМРО-ДПМНЕ Е ДОКАЗ КАКО ОД ГОЛТАРСКА СЕ СТАНУВА НАЈБОГАТАТА ПАРТИЈА ВО ЕВРОПА ПРЕКУ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

0
698

Изјава за медиуми, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани,

ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција.

Признанијата пред македонските судови на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и пресудите како онаа за Титаник се само уште една потврда на тоа што јавноста многу добро го знае.

Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.

Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела.

Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ.

Христијан Мицкоски е исто така класичен пример за тоа. Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси.

Како ВМРО-ДПМНЕ го стекна овој имот, како се финансирала партијата за време на нивниот 11 годишен режим, покажуваат бројни судски пресуди против некогашни функционери на партијата, како и бројните предмети кои се уште се пред судовите во државата.

Затоа немаше пари за граѓаните, за поголеми плати, граѓаните паметет колку тешко живееа додека ВМРО-ДПМНЕ се богатеше.

ВМРО-ДПМНЕ освен што е симбол за криминал и расипништво, е партија симбол на енормно богатење на поединци преку ноќ.