300 илјади евра за поткуп на гласачи се донесени од Тодоров во ОК на ДПМНЕ Кр.Паланка

0
1198

Порталот Доказ од добро упатени извори внатре во Општинскиот Комитет на Вмро-Дпмне Крива Паланка дознава дека деновиве Тодоров со неколку лица од централата од Скопје донеле 300 илјади евра пари во кеш кои ке служат за поткуп на гласачите во оваа општина.

Овие 300 илјади евра во моментов се поделени по 5 илјади евра кај одреден број на верни и сигурни активисти кои ги внесуваат преку банка на сметка на партијата како наводно спонзорство од нив.

Ова е стар метод со кој владејачката партија се служи во неколку изминати изборни циклуси, каде црните пари добиени од тендери и криминал ги внесува на сметка на партијата и со нив ги купува изборите.

Знаејки дека веќе им е откриена шемата со лажните лични карти, во игра им останува само кешот, кој им е последна сламка за спас од она што ги чека по поразот на наредните предвремени парламентарни избори.

 

Извор: Доказ.мк