БЕСА, АЛТЕРНАТИВА И ДЕМОКРАТСКО ДВИЖЕЊЕ : НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА НА АРТАН ГРУБИ, БОЈАН МАРИЧИЌ, БУЈАР ОСМАНИ И КРЕНАР ЛОГА ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ЕУ

0
274
По објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на
Северна Македонија во евроинтегративниот процес, но и по анализата и
оценката на моменталната состојба во однос на интеграцијата во ЕУ,
Европскиот сојуз за промена го заклучва следното:

• Согласно драматичните забелешки во клучните области слободно можеме да
оцениме дека со ДУИ нема ЕУ!

• Ова е најлошиот Извештај на Европската комисија што државата го
добила. Наместо напредок констатира назадување што е поразително.
Земајќи ги предвид ризиците и последиците за ЕУ перспективите на Северна
Македонија после Извештајот сметаме дека е неопходно да се преземат
следните чекори, веднаш и без одлагање.
1. Неотповиклива оставка на Артан Груби, Бојан Маричиќ, Бујар Османи и
Кренар Лога. Ова треба са се случи како акт на политичка одговорност и
како добар знак за нашите алеати дека нивните забелешки се сфатени
сериозно од нашата држава.

2. Да се распушти Собранието и да имаме итни парламентарни и
претседателски избори заедно. Секој ден поминат на власт со оваа
криминализирана влада е загуба за граѓаните.

3. Целосно редефинирање на правосудните органи. Стоиме на целосно
располагање сите наши правни експерти за изнаоѓање најсоодветни
модалитети за коренити реформи кои конечно ќе обезбедат владеење на
правото.
Доколку овие барања не се земаат предвид, ние ќе ја преиспитаме и нашата
поддршка за уставните измени во овој мандат на Собранието. Не се
исклучува ниту целосното замрзнување на оваа поддршка додека се тие на
власт.
Ако владата зака да го игнорира Извештајот и одговорноста да ја префрли
во опозицијата, тогаш од неа не може да очекуваме да организира фер и
слободни избори. Во меѓувреме прекршувањето на изборниот процес
дополнително ќе ја оддалечи нашата земја од ЕУ.

Денес е време за конкретно постапување а не за празни изјави. Ако овие
изјави на Европскиот сојуз за промена се занемаруваат, го задржуваме
правото да преземеме уште порадикални демократски чекори.
Никој не е поголем од стратешките определби на државата!