7.9 C
Prilep
Wednesday, April 24, 2024
Home Свет НОВИОТ ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАР ШОЛЦ ВО ПОСЕТА НА БРИСЕЛ: НАШИ ПРИОРИТЕТИ СЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА...

НОВИОТ ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАР ШОЛЦ ВО ПОСЕТА НА БРИСЕЛ: НАШИ ПРИОРИТЕТИ СЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА И БОРБАТА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

0
1112
Новиот германски канцелар Олаф Шолц седиштето на Европската Унија во Брисел, каде одржа прес-конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

“Главен приоритет на новата германска Влада е здравството и борбата против климатските промени. Прво и пред сѐ го отворивме прашањето за пандемијата на Ковид кое е многу важно за Европа, приоритет е висока стапка на вакцинација, како и вакцината да се направи достапна и атрактивна за сите” – изјави Шолц.

Потоа тој стави акцент на зелената политика на Германија. Канцеларот истакна дека Германија има цел да постигне климатска неутралност до 2045 година.

“Последица на тоа е дека ќе туркаме за обновливи енергии на таков начин што ќе ѝ овозможиме на индустријата да стане климатски неутрална” – рече германскиот канцелар Шолц.