МИЦКОСКИ : ПОТРЕБНО Е НИВЕЛИРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ТРЕБА ДА СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ И ДА БИДАТ ФЕР

0
307

„Нашата Влада ниту има капацитет, ниту има знаење, а ниту пак визија за економијата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за „Република“.

„Нема да биде сериозно ако сега кажам видете што сакате вие – нема проблем, само гласајте за мене, вие што сакате – нема проблем гласајте за нас. Многу внимателно приоѓаме бидејќи информациите што до нас се достапни, состојбата во Буџетот е алармантна, би рекол катастрофална“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека според информациите кои што се достапни на партијата може да се увиди дека состојбата во Буџетот е алармантна и катастрофална.

„Во која смисла е алармантна и катастрофална? Во смисла дека покрај тоа што има многу криминал, многу сива економија и приливите не се онака како што се планира и посебно во делот на данокот за додадена вредност“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, секако можам да ветам дека ќе биде многу поправично и многу пофер за сите целни групи, за сите буквално, и за јавната администрација, и за вработените во судовите, и за пензионерите, и за младите, и за бизнисмените, и за работниците во МВР, за работниците. Буквално за сите целни групи ќе имаме многу пофер пристап од тоа што е денеска“, порача Мицкоски.

Мицкоски додаде дека потребни се параметри според кои може да се види точно каква е состојбата во Буџетот. И така ВМРО-ДПМНЕ врз основа на тие параметри ќе каже што може граѓаните да очекуваат.

„Потребно е да се донесе закон во кој што ќе има јасно нивелирање на примањата на функционерите. Треба тоа да биде достоинствено имајќи в предвид одговорноста што ја имаат, но не треба да биде толкава разликата колкава што е сега“, укажа Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон кој што ќе биде фер, закон кој што ќе ги намали примањата од оваа сума која што е сега“, порача Мицкоски.