КАСАМИ : ИЗБОРИ ШТО ПОБРЗО, МАКЕДОНСКАТА ХИМНА МОРА ДА ЈА РЕФЛЕКТИРА РЕАЛНОСТА ВО ДРЖАВАТА

0
317

Како што истакна Касами во вечерашното гостување на ТВ Сител, гласачите и членството на Алијанса за Албанците (АА) се определени како опозиција и сакаат да бидат дел од промените на претстојните избори. Останува уште, нагласи Ксами, раководството на оваа партија конечно да ги слушне своите структури. На АА е, додаде, да одлучи дали ќе оди на изборите како опозиција или ќе ја поддржи ДУИ. Во првиот случај може да даде сериозен придонес, а во вториот, рече, ќе остане сама. Во секој случај, оцени лидерот на БЕСА, тоа што АА „им служи на ДУИ и на Владата, е на нејзина штета“.

Касами се осврна и на химната. Потенцира дека е многу важно таа да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.

-Бараме што побрзи избори. И последниот извштај на Европската комисија е дополнителен доказ дека се потребни што побрзи избори. Оваа Влада навлезе длабоко во коруптивни процеси и не ја интерсира ЕУ. Цениме дека што побрзи избори би биле спас за државата и за евроинтеграцискиот процес. За претседателски кандидат уште не сме одлучиле. За име разговараме, имаме неколку опции, но тоа е и во духот на нашето соединување како три опозициски партии на Албанците. Изборот на потенцијалните кандидати ќе биде во правец на тоа што го имаме зацртано како определба и програмска понуда за следните избори.

Внимателни сме во тој дел и покажуваме дека како три партии и лидери немаме индивидуални барања или претензии за некој од нас да биде претседателски кандидат. Тоа ќе биде уште една отворена врата за да придобиеме некоја политичка партија која би сакала да се приклучи на идејата за промени, конечно по 20 години кај Албанците, која е поголема од индивидуалните барања и претензии на кој било од нас. Целта е да се добијат изборите и да дојдат промени за подобро и кај Албанците и во опшптеството генерално, објасни Касами.

Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.

-Но, верувам и тоа е реалноста. Се додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на нив, Албанците не може да се чувствуваат комотно и тоа не го кажувам прв пат. За Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од неа. Не сме против тоа што химната се однесува на Македонците, туку би требало да се однесува и на Албанците.

Ние бараме не само химната, туку сите симболи на државата да ја рефлектираат реалноста. Знамето е класичен пример, иако според мене е неутрално во однос на етникумите, но поради процесот како беше донесено, наметнато во преговорите со Грција, има отпор кај другите етникуми за негово користење како државно. Ако сите треба да ги почитуваме симболите, тогаш државата треба да ги почитува своите граѓани и да го рефлетира мултиетничкиот карактер. Ова сум го кажал јавно како опозиција, но утре кога би бил дел од некоја комбинација, би сакал да седнеме и сериозно да разговараме за овие ситуации полека, јавно и искрено, без позадина, за сите етнички заденици државата да ја чувствуваат како своја и да придонесат за неа.

Како што напомена Касами, „се додека химната се однесува на Македонците како етничка заедница, а не на граѓаните, Албанците, Турците, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна“.

-Сакам тоа да е решено со закон. Има две можности: или државната химна и другите симболи да ја рефлетираат реалноста или, ако се интонира химната која Македонците ја чувствуваат како своја, тогаш во општините каде мнозинство се Албанците, да се инторнира химна која Албанците ја чувствуават како своја, објасни лидерот на БЕСА.