Утре (вторник) во знак на револт кон владата оризопроизводителите ќе го блокираат патот Кочани-Штип

0
914

Разочарани од игнорантскиот однос на владата кон нив и нивните проблеми, здружението на оризопроизводители “Бело Злато”од Кочани најавува дека ќе го блокира патот Кочани-Штип во траење од еден час, почнувајќи од 12:00.

Тие се жалат од министерството за земјоделство за кое велат не преземало никакви мерки за интевренција, со кои би се надминале катастрофалните состојби со нерегулираната откупна цена и немањето интерес за откуп на ланската реколта од страна на фабриките за преработка и откуп на оризова арпа и бел ориз.

11787420_817320671729040_41916794_n