СЗО ПОТВРДУВА: КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ СЕ БЕЗБЕДНИ

0
836

Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопштија дека вакцините на кинеските лаборатории Синофарм и Синовак се покажаа безбедни и ефикасни против Ковид-19, но потребни се и дополнителни анализи.

Проценката ја направи Советодавната стратешка група на експерти за вакцинација (САГЕ), тело на СЗО кое се состана од 22. до 25. март за да даде свои препораки во врска со вакцинацијата.

Во документот во кој се сумираат главните точки што биле отворени на состанокот, експертите наведуваат дека двете кинески вакцини што поднеле барање за одобрување од СЗО, покажале дека се безбедни и ефикасни против Ковид-19 кога пациентот има симптоми.