ДАЛИ АХМЕТИ МУ ПОНУДИЛ НА ТАРАВАРИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР?

0
411

Лидерот на ДУИ Али Ахмети му понудил на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, да биде премиер во последните 100 дена од овој владин мандат. Ова го објави ТВ 21, меѓутоа Таравари веднаш демантирал, истакнувајќи дека се работи за шпекулација.

-Знам дека политичките гласини немаат никаква важност како и сите други гласини, но некои од нив се со посебна чувствителност, како онаа за премиер што божем ми било предложено. Оваа вест не е точна – рекол Таравари.