ВМРО-ДПМНЕ : ТОЛОМАНОВСКИ ПО ПРИЈАВАТА Е РАЗРЕШЕН, СДС НАМЕСТО ДВОЈНИ СТАНДАРДИ ДА ПОВИКА НА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗАДОЦНЕТАТА РЕАКЦИЈА СО ТРАГИЧНОТО КИДНАПИРАЊЕ НА МАЛАТА ВАЊА

0
440

Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид.

Тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност.

СДСМ наместо евтин популизам и двојни стандарди нека побара од Спасовски до крај да го расветли двојното убиство кое ја потресе јавноста, како и да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања.