АРИЈАНИТ ХОЏА: ОБЈАВЕН Е ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ, ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВЕТЕНОТО

0
678

Продолжуваме да реализираме тоа што го имаме ветено!

На ден 04.08.2021 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави четири јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари на цела територија на Република Северна Македонија.

Предмет на јавните повици бр.01/21, 02/21 и 03/21 е слободно земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, а предмет на Јавниот повик бр.04/21 е давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има долгогодишен насад.

Рокот за доставување на понуди е 30 (триесет) дена сметано од денот на објавата.

За дополнителни информации, потребната документација како и за условите за учество на јавните повици може да ја посетите веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.mzsv.gov.mk).