АНДОНОВСКИ : МАКСО Е ФЛИП ФЛОП ЛИЦЕМЕР КОЈ ГЛУМИ ПАТРИОТ И САКА ДА КРАДЕ ГЛАСОВИ ОД СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ

0
242
  • Максим Димитриевски се обидува да земе внимание врз себе, промовирајќи вака радикални теми и со тоа би сакал да се додвори на едно гласачко тело кое што е разочарано од СДСМ и коешто номинално би гласало за опозицијата.

    И според него тоа гласачко тело треба да му заборави дека токму Максим Димитриевски беше поддржувач на промената на името, одеше по тие митинзи, гостуваше на тие платформи дека треба да се промени името итн.

    И сега би сакал граѓаните да му заборават на тоа и да му дадат поддршка со цел да отвори фронт против албанците или некој албански политички партии или пак тоа ќе го направи против некои други.

    Кај него нема ништо во пракса, само убави зборови по медиумите за привлекување на внимание во трка по гласови кои не му припаѓаат него туку на едно вистинско опозициско делување но тоа е легимитен пристап, граѓаните знаат да проценат лицемерие од типот на флип флоп со промена на ставови.

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ на Канал 77