АЛТЕРНАТИВА БАРА ЕДНАКОВ ТРЕТМАН СО ДУИ ВО ВЛАДАТА: ГАШИ МУ ДОСТАВИЛ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ 7-8 БАРАЊА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО

0
1383

Централното претседателство на Алтернатива ќе треба да реши дали ќе продолжат разговорите со премиерот Зоран Заев за зголемување на мнозинството во Собранието или ќе останат во опозиција. СДСМ на седници на Централниот и на Извршниот одбор ќе ги констатира оставките на Заев од партиската и од премиерската функција и така ќе започне постапката за избор на нов партиски лидер.

Алтернатива бара програмските определби на партијата да бидат дел од програмата на Владата, но и да добие министерски и директорски места за да се реализираат нивните барања. Од премиерот Зоран Заев побарале еднаков третман како ДУИ.
Гаши на средбата со премиерот Заев на маса ставил 7-8 клучни барања како услов за да се биде дел од власта. Приоритети на Алтернатива се да нема отстапување од евроинтеграцискиот процес, повторени судења за неколку политички монтирани случаи и странска експертиза. Меѓу барањата се и развој на Липковскиот регион, каде што по конфликтот од 2001 година не се подобрени состојбите. Заинтересирани се и за социјалната политика, односно да се обезбедат пари и помош за трето дете.
“Се бараат и промени во законската постапка, врзана со извршителите, но и уредување на сферата со казината, односно ограничувања  каде и колку обложувалници да има” – велат од Алтернатива.

Лидерот на партијата Африм Гаши побарал од Заев и да се утврдат рокови за реализација на барањата.

Се очекува на Алтернатива да ѝ бидат понудени две министерски места, можни се некои од ресорите образование, здравство, труд и социјала, култура или земјоделство.