ПЕНОВ НА КАНАЛ 77 : КРИВИЧНО ДЕЛО ДА БИДЕ АКО ГРАДОНАЧАЛНИК ИМА ПАРИ НА СМЕТКА, ТОЈ НЕ Е ТАМУ ДА ГИ ЧУВА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ТУКУ ДА ГИ ВРТИ ЗА ПОДОБРА ЕКОНОМИЈА И РАЗВОЈ

0
244
  • Како го замислуваме ние развојот? Ќе блокираме стратешки проекти,ќе блокираме инфраструктурни проекти, пречистителна станица нема да градиме, тогаш нема економија. Овде треба парите да се вртат, јас дури и на шала со градоначалниците говорам дека би предложил кривично дело да биде доколку градоначалник има пари на сметка. Тој не е таму за да ги чува парите на граѓаните, треба да ги врти, на тој начин македонската економија ќе се развива.

    Јас секој ден слушам како зборуваат дека имале долгови и заштедиле, па не се јавните институции заштеди, а тоа се однесува и за приватниот сектор бидејќи ние како менталитет сме да ги чуваме парите. Јас ги разбирам луѓето кои немаат но, либералната филозофија, успешната филозофија троши за да добиеш повеќе.

Ристо Пенов во интервју на Канал 77