АЛЕКСАНДАР ФИЛИПОВСКИ ЦАНДЕ ОД АЕРОДРОМ : ГРАДИМЕ НОВИ ГРАДИНКИ И МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР, ГО ИМАМЕ НАЈДОБРОТО ЗА АЕРОДРОМ

0
678
Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Аеродром Александар Филиповски денеска пред своите сограѓани  ја претстави својата програма за, како што рече, најубавата општина во Скопје и во целата држава.
Уште од првиот ден сме мобилизирани, сплотени и единствени, околу изградба на две нови градинки во Аеродром, една во Мичурин и една во Ново Лисиче, ќе изградиме нов младински центар, два затвроени базени, а конечно ќе пристапиме и кон намалување на проблемот со паркирање, со изградба на три монтажни гаражи, наведе Филиповски.
Тој најави и целосна реорганизација на комуналните служби и набавка на цистерни за миење на улиците, нов парк на површина од 5.000 м2, на потегот  од „авиончето“ до последна „5-ка“,  Секоја населба ќе добие свое детско или спортско игралиште, 20 километри нови вело – патеки и трим – патеки за трчање, грижа за децата со посебни потреби и повозрасните граѓани.
Нашата гордост МЗТ – СКОПЈЕ повторно ќе ја добие заслужената поддршка и ќе направиме напор да влезе во „АБА 1“ лигата, истакна Филиповски.
Тој нагласи дена на Аеродром му требаат искрени луѓе кои ги познаваат проблемите во општината, а не калкулатни, како неговиот противкандидат.
Ве повикувам на целосна мобилизација! Гласајте за бројот 12 и НАЈДОБРОТО ВО АЕРОДРОМ, но и за советничката листа на СДСМ предводена од др. Александар Трајановски – Коска.  Гласајте за број 12 и за Петре Шилегов и носителката на градската листа Софија Пејкова. Сега не е време за експерименти. Скопје мора да ја продолжи успешната приказна, на 17 – ти октомври заедно ќе отидеме во голема победа, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Аеродром Александар Филиповски.

https://www.youtube.com/watch?v=sq-xkEBIu5U