АНГЕЛОВ МУ СЕ РАЗВИКА НА ПОЖАРНИКАР : ВРАЌАЈ СЕ, ЌЕ ЗАГИНЕШ! ОГНОТ СТИГНА ДО ПРВИТЕ КУЌИ ВО БЕЉАКОВЦЕ

0
573

Голем пожар попладнево изби во атарот на с. Руѓенце, Општина Старо Нагоричане.
Немадејноот силен ветер брзо го раширил пожарот поради што е изгубена почетната контрола врз него.

Побарав прогноза од УХМР но ме известија дека не се очекува дожд во тој регион.
Поради загрозувањето на куќи и викендици и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС.
Пожарот стигна до првите куќи во Бељаковце.

„Засега нема изгорени куќи, пожарот е до првите куќи во Бељаковце, изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна, авионите на ДЗС и хеликоптерот на МВР значително помогнаа“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во видеото кое го објави Ангелов самиот вели „Не се дише“ и се оддалечува од огнот.
Во ова село претходно во пожар изгореа три стари, напуштени, но функционални куќи. Сезонава имаше пожари во скопско, кочанско, кај јужната граница, битолско.