,,РАМО ДО РАМО ДО ПОБЕДА” ВО СТРУГА, ОХРИД И ПЛАСНИЦА : СДСМ ОБЕЗБЕДИ ЕВТИНА СТРУЈА ЗА 72.000 КОМПАНИИ

0
367

Каравнот теренски активности на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше и со граѓаните на Струга, Охрид и Пласница.

Претседателот на СДММ Марко Михаилоски, кој заедно со Даниела Рендевска беше на средби со граѓаните на Струга, се осврна на младинските политики на СДСМ.

СДСМ е предводник на поголемо вклучување на младите во носењето одлуки. Со таргетирани младински политики СДСМ успеа сериозно да ја намали младинската невработеност преку „Гаранција за млади“, а вкупната невработеност во земјата на 14%. Воведовме субвенциониран студентски оброк за секој студент, ги зголемивме постоечките и воведовме нови стипендии за средношколците и студентите, истакна Михалиовски, во Струга.

Никола Рилак, кој, заедно со Виктор Велевски беше на средби со граѓаните на Охрид истакна дека сега фокусот на енергетските политики на СДСМ е на зелената транзиција и постигнувањето на крајната цел за енергетска независност на државата.

Успешно ги менаџиравме последиците од светската енергетска криза, и покрај стравувањата кои кај граѓаните ги подгреваа лажните вести и шпекулации на опозицијата за недостиг на струја, рестрикции, енормно покачување на цените, рече Рилак, додавајќи дека струја имаше доволно поради зголемувањето на домашното производство, а Владата предводена од СДСМ ги заштити граѓаните од ценовни шокови и обезбеди евтина струја за над 72.000 компании.

Рамо до рамо со граѓаните на Пласница, заедно со  Пламенка Бојчева беше членот на ЦО на СДСМ  Благој Бочварски, кој ја нагласи важноста од регионално и меѓународно поврзување на државата.

По 30 години зборување, конечно почнуваме со работа на изградба на коридорот 8 кој од ЕУ веќе е признаен како европски коридор со геостратешка важност. Покрај зголемената безбедност и подоброто поврзување, изградбата на коридорите ќе донесе и дополнителна економска вредност. Државата ќе ја поврзе со пристаништата во Драч и Буграс, а самата изградба ќе донесе најамлку 600 милиони евра за домашните комапнии, нови 8.000 работни места, како и раст од 2 отсто годишно на БДП, истакна Бочварски.