ВО ВРСКА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ОБЈАВЕНИ ИЗМИНАТИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ ВО ДЕЛ ОД МЕДИУМИТЕ И ОСОБЕНО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА

0
348

Во врска со дезинформациите објавени изминатите неколку денови во дел од медиумите и особено на социјалните мрежи за депонијата Дрсла, Ве известуваме дека ЈП депонија Дрисла е единствена санитарна депонија во државата која работи согласно А – интегрирана дозвола и своите работни активноси ги извршува согласно сите законски прописи за управување со отпад и заштита на животната средина. Истовремено е под целосна контрола и мониторинг од страна на Државниот
инспекторат за животна средина.

Апелираме правото и слобода на говорот и јавното информирање да не се злоупотребува за ширење на лажни вести и невистини по социјалните мрежи од страна на група луѓе кои го доведуваат во заблуда и паника локалното население дека депонијата Дрисла ги загрозува животната средина и здравјето на луѓето, како што се случи денес во раните утрински часови, со подметнатиот пожар на депонијата Дрисла.

Ситуацијата е ставена под контрола од страна на вработените на Дрисла со помош на
пожарникарски служби, пожарот е изгаснат и претпријатието продолжува со редовни активности.

Од страна на полицијата направен е увид и записник и истата ќе постапува согласно своите ингеренции. Воедно ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да го истражат случајот и сторителите да бидат најдени и соодветно казнети, а против лицата кои шират лаги и дезинформации за депонијата Дрисла, од страна на претпријатието ќе бидат покренати соодветни постапки.