ПОЧНАТА ПОСТАПКА СО КОЈ ПРИВАТНИТЕ НИВИ НЕ СЕ ОБРАБОТУВААТ, ДРЖАВАТА ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ИЗДАВА

0
2097

На официјалната страна на ЕНЕР веќе е објавен предлогот како ќе се менува законот за земјоделско земјиште.

Со новиот закон кој го турка министерството за земјоделство нивите кои нема да се обработатат 12 последователни месеци иако се приватна сопственост ќе се дадат на оглас за закуп од други земјоделци. Единствена можност од дополнителни 6 месеци ќе имаат оние кои во рок од 15 дена потврдат дека нивите ги оставиле за Угар односно да одморат како дел од агротехничките мерки за подобрување на својствата но и тој рок е 18 месеци. По ова сите необработени ниви со приватна сопственост ќе се најдат на сајтотот на мзшв во делот каде ќе може друг да си ги земе на користење.

-Во членот 3 се предвидува дополнување на член 8-б со додавање на три нови става со кој се овозможува земјоделското земјиште во приватна сопственост да се дава под закуп при што приходите остварени по овој основ да се распределат помеѓу сопственикот или неговиот наследник и Република Mакедонија во однос 80% спрема 20% при што овие средства ќе се приход на Буџетот.-МЗШВ

За голем дел од земјдоелскте здружениај ова е вистински шок . Тие реагираат дека воопшто ниту биле запознаени ниту консултирани за носењето на ваков закон. За ова нема расправано ниту агросоветот при мзшв ни подсектористе комисии а веќе законот е на во постапка за носење.

За агро експертите ова законско решение го оценија како крајно штетно и несоодветно бидејќи постојат многу други начини како да се мотивираат сопствениците на ниви да ги работат или да ги дадат под закуп. Во рамки на истите измени предвидено е и нивите кои се од 5 до 9 категодија да може да се користат за поставување на фотоволтаици