МУКАЕТОВ : НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ ВРЕДАТ ПОВЕЌЕ ОД ТУРБОФОЛК SВЕЗДИТЕ

0
471

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во вчерашното гостување на „Топ тема“ во Телма, на прашање за релативно високите цени на билетите за натпреварите од ЕП, рече дека нашите ракометарки вредат повеќе да бидат посетени во споредба со турбофолк ѕвездите кои гостуваат кај нас.

– За цената на билетите на ЕП одлучува ЕХФ. Нивната првична идеја беше да изнесува 35 евра. Ние максимум што можевме да излобираме да биде 15 евра иако сме свесни дека и ова ќе биде голем предизвик за да се наполни салата. Не сме поборници за скапи карти, едноставно ова беше принудно решение наметнато од ЕХФ. Од друга страна треба да бидеме реални и да кажеме дека на македонскиот граѓанин, на одредена структура, не им е проблем да дадат за некоја турбофолк ѕвезда тука по 800, 1.000 или 1.200 денари.

Мислам дека девојчињата кои играат за македонската репрезентација заслужуваат многу повеќе од тие турбофолк ѕвезди да бидат пропратени од публиката. Затоа ги повикувам сите да дојдат во сала и да им дадеме поддршка на нашите ракометарки. Сепак ова е Европско првенство и се игра во Македонија, треба сите да застанеме зад ракометарките, истакна Мукаетов во емисијата „Топ тема“.