(ВИДЕО) Заев ги повика сите граѓани на утрешниот митинг во Скопје: Од градот под Марковите кули повикувам на голем граѓански митинг!

0
1391

Имам посебна чест од градот по Марковите кули, да ја повикам цела Македонија, но и прилепчани, да се приклучат на утрешниот голем граѓански митинг во 18 часот, кој ќе се одржи пред Владата на Република Македонија во Скопје, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тоа ќе биде голем граѓански митинг, за да повикаме конечно за слобода, демократија, правда, за конечно враќање на животот во Република Македонија.

Навистина овој историски момент треба да го зграпчиме и да го искористиме. Убаво е да се присуствува на ваквиот мега настан, каде што сите, буквално, ќе почнеме да ја славиме слободата и да се радуваме на животот кој го враќаме во Македонија. Убеден сум дека е вредно да учествуваме сите и да бидеме дел од овој голем собир.

Ве повикувам, да испишеме заедно убава историја за нашата заедничка иднина, во нашата Република Македонија – рече Заев повикувајќи ги прилепчани на утрешниот митинг во Скопје.

Тргнувањето од Прилеп е во 14 часот, од повеќе локации во Прилеп.