МИЛЕНКО БАРА ОД МИЦКОВСКИ ДА БИДЕ ПОСТАВЕН ЗА ШЕФ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО ДПМНЕ!

0
1853

Бидејки, како и Бранко Црвенковски, така и Зоран Заев и кога беше во опозиција и сега кога е криминално и нелегално на власт, опкружен е со врвни новинари и медиумски работници. Знам, знам… Некој, могумина кога вака зборувам ми кажуваат, ќе рече “каде бе Роберт Поповски врвен новинар“?! Е да, можеме да го прогласиме за гнида, предавник, безкичмењак, лигуш…, ама беше долгогодишен претседател на ЗНМ и повеќе од една деценија имаше дебатна политичка емисија на Канал 5. Е ај да видиме од другава страна, од кај ВМРО ДПМНЕ, кој е пандан негов? Едно време лидер во оваа област во ВМРО ДПМНЕ беше Мартин Протоѓер, човек кој со врски фатени од Срџан Асан Керим беше примен на работа како секретар во МПМ. Или сега Иво Котевски, кој некогаш бил новинар во Телма! Дали некој некогаш памети нешто од Иво Котевски напишано, кажано, издабатирано, објавено? Или Мартин Мартиновски, Александар Ѓоргиев или пак Луке Галевски? Најбилску до новинарство биле кога купувале штампа на трафика.

Па, за крај, прашањето ми е, бидејки немате конкуренција од спротивната политичка страна, како се чуствувате “победнички“ кога невистината ја направивте вистина, кога неморалот стана морал и кога лоповлукот го прогласивте за успешен бизнис потег? Горди? Исполнети? Со пари, исполнети.

Но, бидејки ВМРО ДПМНЕ е неспособна да ви организира контраофанзива, а богами и Бачев-Палчо опцијава не ми дава надеж во овој сектор, ќе си останеме на исто. Односно единствени спротиставени на вашата фашистичка агенда ќе сум секојдневно јас (повеќе закани за затвори, притвори и слично имам од Стевче јакимовски, ама не се плачам ко него), редовно Бобан Нонковиќ и повремено Мирка Велиновска.  Малку сме, да! Ама тоа е ежедневно присаство на камче во чевелот. И, не те остава на мира.