ЈКП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА” ПРИЛЕП ГИ ЗАПОЧНА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА МЕСТА СО ИЗВРШЕНИ РЕКОНСТРУКЦИИ НА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА

0
781
ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп започна со работни активности асфалтирање на места каде се вршени реконструкции на водоводна и канализациона линија.

Денес таква активност е извршена на дел од улицата Пане Талески, на која после реконструкцијата на водоводната линија вградени се 13 тони асфалт. Истата комплетно ќе биде завршена до 9 мај.

Ваквите работни активности ќе продолжат во текот на цел месец мај според предвидената програма и динамика на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп.
Се надеваме ќе наидиме на разбирање и трпение од нашите сограѓани за привремениот застој во сообраќајот на улиците каде ќе се одвиваат градежните зафати на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп.