АЛКАЛОИД ЌЕ ИСПЛАТИ ЗА 11,36% ПОГОЛЕМА ДИВИДЕНДА ОД ЛАНИ – ИСПЛАТАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОД 17 МАЈ

0
629

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.
Алкалоид АД Скопје најави дека ќе исплати дивиденда за 2022 година во износ од 490 денари бруто односно 441 денари нето по акција.
Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 02.03.2023 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2022 година во износ од 490 денари бруто односно 441 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 440 денари бруто односно 396 денари нето е поголема за 11,36%.

Седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на 03.04.2023 година со почеток во 8 часот во деловните простории на Друштвото, на бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои околу 700 милиони денари.
Исплатата на дивидендата ќе започне од 17.05.2023 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.