ДОДЕКА НАСТРАДАНИТЕ МОЛАТ ЗА ПОМОШ газдата на „Зегин“, Механџиски наместо да си бркне во длабокиот џеб тој ГНЕТЕ И ЖДЕРЕ – Си организираше ручек за 800 гости!

0
5683

Додека настраданите од поплавите молат за помош и секоја донација е добродојдена, македноскиот милионер Благој Механџиски наместо да си бркне во длабокиот џеб тој аздисува, ждере и гнете како да не видел. За газдата на „Зегин“ трагедијата која ги снајде жителите од скопско кои настрадаат од поплавата, не е доволен предизвик за да ја разбуди хуманоста во него, наместо тоа тој во овие трагични моменти финансираше гозба за 800 луѓе! Врв на хедонизмот и сладострастието и тоа под превезот на православието!

По повод православниот празник Свети Пантелејмон, во кругот на православната црква на Водно денес се одржа народен собир.

Најпрво во утринските часови се одржа литургија во присуство на голем број верници, на која фамилијата на Благој Механџиски се кумови на празникот.

По тој повод во кругот на црквата организираа и ручек за 800 гости. Воедно, компанијата „Зегин“ денес ја слави и 27 годишнината од постоењето.

Извор : Мактел