ЗАЕВ И ШАХПАСКА ВО НЕГОТИНО ПРИСУСТВУВАА НА ОТВАРАЊЕТО НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ,,ТЕМЈАНУШКА” КОЈА Е СО КАПАЦИТЕТ ОД 167 ДЕЦА

0
719

Децата од Неготино и нивните родители ќе имаат на располагање нова современа детска градинка. Градинката „Темјанушка“ која наскоро ќе започне со работа, има капацитет за 167 деца кои ќе добијат пристап до квалитетна услуга, што е цел на социјалната реформа што ја спроведува Министерство за труд и социјална политика.

Детската градинка е изградена според највисоки стандарди за ран детски развој со што се зголемуваат капацитетите за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Според новите просторни услови на градинката се обезбедува и реализација на концептот – учење преку игра.

Со министерката Јагода Шахпаска ја посетивме новата градинка во Неготино, која е изградена согласно највисоките стандарди за енергетска ефикасност и ќе користи обновливи извори на енергија преку системот на сончеви колектори.

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.