Friday, January 24, 2025
1.8 C
Skopje

ДРЖАВАТА НЕСЕЛЕКТИВНО ГИ ПОДДРЖУВА И ЛОЗАРИТЕ: НАД 6000 ЛОЗАРИ ДОБИЈА 151 МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА ДОСЕГА ПРЕДАДЕНОТО ГРОЗЈЕ ОД СИТЕ СОРТИ

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6041 лозари исплати над 151 милион денари. Исплатени се по 2 денари за килограм предадено грозје во регистрирани капацитети за сортите смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка итн.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски рече дека средствата се исплаќаат во екот на бербата.

“Сите кои правно-законски се стекнале со право на користење финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите од финансиската поддршка се исплаќаат во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколта, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите” – истакна Бачовски.

ОВАА НЕДЕЛА

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД КАКО ШТО ГО ЛИЧИ СО НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ОД 2-1 ГО ПОБЕДИ ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС НА ОЛД ТРАФОРД

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед преку неизвесен и драматичен финиш...

МИЦКОСКИ СО РЕАКЦИЈА ДО ГРЧКОТО МНР: СЕ ЧУДАМ ОД КАДЕ ТИЕ СЕ ПОЧУВСТВУВАА ПОВИКАНИ

Премиерот Христијан Мицкоски не ја разбира реакцијата на грчкото...

ТРИ ЖЕНИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Фото : Скриншот ,,РадиоПела". 22.01.2025 во 14.45 часот на бул.„Гоце...

ТРАМП ОД ДАВОС ПОБАРА ДА СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЗА ДА ЗАПРЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп, во неговиот прв поголем јавен...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ