СЈО бара изземање на судијата во предходна постапка за случајот „Трезор

0
1829

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по предметот „Трезор“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Причините за ова барање, се наведува во соопштението се наведени во записник даден пред судијата во претходна постапка.

„Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства.
Со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд.

Во однос на предлогот за определување на мерка притвор, по донесувањето на одлуката на судијата на претходна постапка, јавноста ќе биде дополнотелно информирана“, стои во соопштението.