(ВИДЕО) Шкариќ: Ова е вонредна состојба, на УКИМ не смее да има полиција

0
1073

На Универзитетот гледам полиција, тоа е вонредна состојба, вка ја оцени денешната ситуација на УКИМ, професорот Светомир Шкариќ.

– Тоа се вооружени сили, а зад нив е Ректоратот. Не знам кого го чуваат, Ректорот? Ректоратот? Или пак Правниот факултет? Од гледиште на Уставот, автономија на Универзитетот претставува неприкосновеност на територијата на која што се наоѓа Универзитетот. Никој освен студентите и професорите не може да влегува на Универзитетот, каде не смее да има полициска сила. Кога јас бев професор, студент облечен во полициска или воена униформа не можеше да полага испит, мораше да биде во цивил, за да не се создава разлика, вели Шкариќ, профеосор по Уставно право.

Според него, каква било интервенција на власта на територијата на Универзитетот, без одобрение на Универзитетскиот сенат и Ректоратот, никој не може да влегува и да преземма какви било активности.

– Се работи за длабока повреда на автономијата на Универзитетот, Автономијата не претпоставува само слобода во изведувањето на наставата и на испитите, туку гаранција дека Универзитетот е тој што води сметка и за безбедноста. Никој не моќе да влегува, вели професорот Шкариќ.

Изјавата на може да ја погледнете ОВДЕ