Обвинителката од тимот на Јанева, Ленче Ристоска за сообраќајката: Тоа беше незгода од невнимание, закочив на мраз

0
2086

Портпаролката на Специјалното обвинителство Ленче Ристоска не може да се изначуди на големиот интерес на јавноста околу нејзината неодамнешна незгода кога паднала во провалија, како и начинот на кој се изнесуваат и интерпретираат детали околу овој случај. Не сака да навлегува во мотивите, ниту пак да демантира, но вели дека е свесна оти како јавна личност предизвикува интерес.

Обвинителката Ристоска за „Утрински“ ја раскажа својата верзија за непријатната случка од пред осум дена.

„Тоа беше незгода поради невнимание, бидејќи налетав на осојничаво место со мраз. Направив грешка и инстинктивно закочив, поради што излетавме во провалија од 13 метри. Најрегуларно си повикав полиција и се направи записник за да може потоа да се наплати осигурувањето. За среќа, јас и мојот сопатник поминавме без никакви повреди, но возилото е тотално оштетено“, раскажува во изјавата за „Утрински весник“ обвинителката Ристоска. Таа платила казна од 50 евра за сообраќајниот прекршок што го направила.

Повеќе ОВДЕ