ДИМНИ БОМБИ КОН ВЛАДАТА ВО ПРИШТИНА, ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ОД ОХРИД

0
402

Демонстрантите на денешниот протест во Приштина фрлија димни бомби на владината зграда како знак на незадоволство од склучениот договор во Охрид, меѓу премиерот, Албин Курти, и српскиот претседател, Александар Вучиќ.Договорот, меѓу другото, предвидува Косово конечно да ги спроведе обврски кон срспските општини и да им овозможи самоуправување.

Демонстрантите бараат оставка од Курти. Од јарболот пред владината зграда го симнаа косовското знаме и наместо тоа закачија бело знаме за да симболизира дека Курти се предал во Охрид.