СДСМ: „Дил-ориентед“ политиките на Пешевски и Груевски ја опустошија Македонија

0
1154

gruevskipesevski

„После 10 години „дил ориентед“ политики на Пешевски и Груевски реалноста во источна Македонија е тешка и болна.

Наместо Владимир „дил ориентед“ Пешевски, без идеи и без резултати, да се шета по источна Македонија без никаков срам треба да им одговори на граѓаните за егзодусот што го предизвикаа потрешните политики во изминатите 10 години.

Поради лошите економски услови, немањето нови фабрики и немањето нови вработувања во источна Македонија се случува масовно иселување, пред се на младите, образовани луѓе.

Поради „дил-ориентед“ политиките на Пешевски и неговиот надреден Груевски, 626.312 граѓани заминале од Македонија. Тоа се случува и во источна Македонија.

Покрај масовното иселеување, Македонска Каменици и Делчево се соочуваат и со негативен природен прираст. Со години се повеќе се зголемува бројот на починати лица во однос на новородени.

Во Делчево на пример, минатата 2014 година се родиле 132 а починале 198 лица. Фрапантна бројка којашто покажува дека дури 50% имало повеќе починати во 2014 година.

Затоа, од година во година се повеќе се намалува и број на запишани ученици во основните училишта во Делчево и Македонска Каменица.

Во Македонска Каменица некогаш се запишувале и по 150 првачиња а сега има само едно одделение со 40 дечиња.

Никола Груевски, Владимир „дил-ориентед“ Пешевски, 10 години мислеа на тендрите и бизнисот на фамилијата, додека населените места низ Македонија се празнеа.

Корупцијата во врвот на власта однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија.

Затоа сите граѓани имаат една заедничка идеја: Збогум Никола!“, велат од СДСМ.