Уапсен Бреза за да ја одлежи затворската казна

0
1165

4F1E62EAEDBDCE489C47AC3AD9DA638F

Полицијата го уапсила Златко Арсовски (37) познат како заштитениот сведок Бреза во случајот со убиството на старецот од Ореше и тој е спроведен во затворот „Скопје“,  објави „Утрински весник“.

Бреза  се бараше со судска наредба за издржување казна затвор во траење од шест месеци откако беше осуден за давање лажен исказ во ноември минатата година. Нему му се судеше поради лажен исказ даден како сведок во процесот за Ореше.