Работните групи договорија да има промени во МРТВ, МИА и во Агенцијата за медиуми

0
919

Политичките партии на денешната средба на работната група, договориле рамка во која ќе се прават реформите во медиумите и се договориле тоа да го завршат до 20 овој месец, јавува „Мета“.

Како што велат од работните групи, ќе се разгледуваат прашањата за Агенцијата за медиуми, МРТВ, Закон за медиумите и за Македонската информативна агенција.

– Нашите позиции ќе ги образложиме на работната група, но по исполнување на оваа обврска од договорот, очекувам да добиеме медиуми што ќе известуваат во согласност со законската поставеност и во согласност со новинарската етика и стандарди. Тоа мора да се постигне бидејќи претставува основа за фер и демократски избори – вели Роберт Поповски, член на работната група од СДСМ.

Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот на Агенцијата за медиуми, да се промени раководството на МРТВ, како и тоа на МИА, со што овие тела би се ослободиле од влијанието на партијата на власт, а веројатно една од жешките теми ќе биде и забраната за политичко рекламирање.

Извор: Мета