(ВИДЕО) Талевски : Преку ,, Акција 21″ борбата против корупцијата продолжува, европските стандарди ги носиме дома

0
763

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник  на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
 
СДСМ како одговорна партија, посветена на воведување на европските стандарди дома, борбата против корупцијата и криминалот ја става во највисоките приоритети во стратешката рамка “Акција 21”.
За успешно искоренување на коруцијата, исклучително е важна добрата, брза и ефикасна соработка помеѓу надлежните институции, но важна улога имаат и граѓаните во пријавувањето на случаите поврзани со корупција.
Преку воспоставување на јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители, со силна политичка волја и мотивација на секој граѓанин, заеднички се ангажираме во искоренувањето на корупцијата којашто го враќа општеството назад.
Почитувани,
Веќе се преземени првите чекори во насока на намалување на можностите за појава на корупција.
Владата предводена од СДСМ, го намали бројот на министри и формираше ефикасна, отворена и одговорна Влада, подготвена да работи посветено во интерес на граѓаните и државата.
Резултатите се видливи.  Врз основа на прекршените одредби на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, беа разрешени директори на владини агенции и јавни претпријатија, како и цел состав на комисија.
Транспарантноста е исклучетелно важна во борбата против корупцијата.
Владата предводена од СДСМ, како ниту една друга Влада досега, спроведува максимална отвореност и целосна транспарентност.
Граѓаните имаат право да знаат како се трошат народните пари, како и колку работат институциите, општините и сите кои користат буџетски средства.
Почитувани граѓани,
На почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.
Ние сме прва држава во регионот која од Европската Унија побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани за високата корупција.
Воедно ќе иницираме носење законски измени врз основа на коишто Јавното обвинителство ќе мора редовно да ја информира јавноста за напредокот во предметите за коишто постои посебен јавен интерес, односно за на предметите од организиран криминал и корупција.
Почитувани,
Ги носиме најдобрите европски стандарди и практики. Стратешката рамка “Акција 21”, има за цел Европа да ја донесе дома. Заеднички да се посветиме на 10-те приоритети чијашто реализација ќе значи подобар живот за секој еден граѓанин.