МИЦКОСКИ : ВО РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА, ИЗВОРОТ НА ПРОБЛЕМОТ

0
478

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител зборувајќи за можното референдумско прашање рече дека во него треба да биде изворот на проблемот, а тоа е Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година.

-За референдумот едната опција е со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, другата се потписите или и двете. Консултациите се уште траат. Повеќе време ќе се посвети во консултации со уставни експерти за референдумското прашање.
Во прашањето ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е договорот со Бугарија од 2017 година. Оттаму потекнуваат сите проблеми. Во моментов, под овие околности, ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за внесување на Бугарите во Уставот, вели Мицкоски.