Колегите од Турција денес ме известија дека е фатен Љ.П., осомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и за убиството на 74-годишниот Панче Жежов, соопшти вечерва на вонредна прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Осомничениот за двојното убиство е фатен во градот Баликесир, рече вечерва Спасовски.