Филипче: Ако има влошување можно е зголемување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти

0
584

Во земјава бројот на заразени од корона вирусот никако да се намали, а тоа дополнително го отежнува британскиот сој на корона вирусот.

До наредната среда е полицискиот час од 22 часот, а Филипче денеска информираше и за можни следни мерки, доколку состојбата се влоши.

„Следни чекори би биле зголемување на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти. На почетокот на следната недела ќе правиме нова проценка, а сметам дека ќе имаме резултати од полицискиот час. Досегашните мерки се доволни, но ако има влошување, тогаш ќе мора нивно засилување“, истакна Филипче.