ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП ЕКСПРЕСНО ЈА РЕШИ СОЦИЈАЛНАТА ДРАМА ЗА ГЛАДНИТЕ ТАТКО И СИН ЗА КОЈ ПИШУВАА МЕДИУМИТЕ – Николов: Љупче од понеделник почнува со работа, детето во градинка

0
1659

Штипскиот градоначалник, Сашко Николов објави на Фејсбук дека неговиот сограѓанин самохраниот татко, Љупче Смилев чија приказна ја потресе јавноста, од понеделник почнува со работа.

-Љупче од понеделник почнува со работа, а детето во градинка. Приказната за Љупче длабоко ме потресе и затоа како општина веднаш реагиравме. Сакам да соопштам дека Љупче Смилев го вработивме и од понеделник започнува со работа, а неговиот син во градинка. Денес го проверивме и вакциналниот статус на детето и вакцината која беше испуштена ја прими. Штип и штипјани уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Благодарност до Центарот за социјални работи и секако благодарност до Црвениот крст, напиша Николов.