ОГРОМНА ПОДДРШКА ВО РАМКИТЕ НА НАТО, РИКЕР: САД СЕ СО ВАС ЗА ПОДОБРА ИДНИНА

0
1407

Заедно сме во НАТО. Едно семејство, иста иднина. Да се стане дел од оваа Алијанса, Севрерна Македонија ја сигнализираше својата посветеност да придонесува кон глобаната безбедност и демонстрираше ефикасност на политиката на отворени врати на НАТО. Сега, кога Северна Македонија има место на масата како членка на најмоќната светска воена Алијанса ние очекуваме дека тоа ќе го искористите за да придонесете кон овој сојуз.

– Пред една година на 27 март и покрај смртноносната пандемија која ги разори земјите ширум светот, стоев заедно со вршителот на должност на Амбасадата на Северна Македонија, Вилма Петковска тука во Стејт департментот во Вашингтон, кога земјата го депонираше инструментот за пристапување во НАТО и тогаш ве поздравивме како 30-ти НАТО сојузник, вели Рикер.

Тој упати честитки по повод првата годишнина во НАТО до претседателот Стево Пендаровски, до премиерот Зоран Заев и до сите граѓани во Северна Македонија за ова огромно достигнување кое беше стратешка цел уште од 1999 година кога Северна Македонија одлучи да стане полноправна членка на НАТО.

Рикер наведе дека пристапувањето кон НАТО значи обврзување кон глобалната безбедност и вредности и оти сојузниците на НАТО работат рамо до рамо со своите партнери да ја промовираат и одржат таа безбедност и да ги координираат стратешките одбранбени напори.

“САД ја реафирмира својата посветеност на евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Ја поздравуваме одлуката на Европската Унија да отвори преговори со Северна Македонија во март минатата година, што уследи како признание за значајниот напредок што го остваривте во имплементација на реформите потребни за членство во ЕУ и за попросперитетно општество. Ги поздравувам напорите на премиерот Заев, вицепремиерот Димитров, министерот за надворешни работи Османи и на сите граѓани на Северна Македонија за да ја постигнат оваа цел” – рече Рикер.

Американскиот дипломат подвлече дека какви и предизвици да стојат на патот, САД стојат покрај Северна Македонија во нејзините напори да изгради подобра иднина.

“Членството во ЕУ ќе ја зголеми регионалната стабилност и политичката и економска поврзаност со Европа и ќе го зацврсти трансатлансткото партнерство. Вашите напори и вашата храбра дипломатија која се виде преку Преспа, заедно со вашата посветеност и добрососедските односи придонесуваат да ја обликувате иднината на регионот на Западен Балкан” – истакна Рикер.

Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија потсети и дека оваа година исто така се одбележуваат 25 години од дипломатските односи меѓу САД и Северна Македонија.