МАКЕДОНИЈА ИМА НОВ ХЕРОЈ И ТОА ПОВТОРНО Е ЖЕНА : Весна Димишкова е судијката која дозволи влез на СЈО во УБК

0
4409

Истата храбра судијка дозволила и претрес во предметот „Тврдина“ во станот на Коста Крпач, по што се соочила со суптилни притисоци, дознава НОВАТВ. А сега, Весна Димшовска ја отвори вратата во институцијата на добро чувани тајни на оваа власт, местото каде што туѓа нога не стапнала повеќе од една деценија.

По претресот во станот на Крпач, извори за НОВА велат дека судијката била распределена од судија во организиран криминал во судија во обичен криминал.

Таа е позната по случајот „Детонатор“ кога добиваше закани од обвинетите, по што покрена и постапки против заканувачите, а во текот на целиот процес беше деноноќно обезбедувана од полиција. На заканувачите им возврати со зборовите да не и праќаат пораки „дека ќе лета како гулаб, бидејќи ако таа летне, предметот ќе остане во судот и некој ќе продолжи да го суди“.
Целиот текст ОВДЕ