БОМБА СО ОГРОМНА И РАЗОРНА МОЌ НА ФОКУС : Мијалков ќе отвора казина со српскиот „крал на коцката“

0
1721

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Доаѓа време кога Мицкоски нема веќе да може да ги лаже ќосињата дека ги поддржува, ама не може да им се придружи, дека е против промена на уставното име, ама не е за бојкот на референдумот. Но исто така доаѓа време кога ќе мора јасно да каже – дали е навистина за НАТО и за ЕУ или е против Договорот со Грција. Зашто, не може да биде за двете работи истовремено

7 ДЕНА: НАРИКАЧИ СО КЛЕТВИ ГО РУШАТ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Интересни се противниците на договорот што хистеришат, колнат, клетви фрлаат, се закануваат. Кога Ванковска ќе порача „раката да ти се исуши“ за оној што ќе гласа за договорот, ме потсети на професоркана од Корчагин која го благослови дедото што ја тепал Шекеринска со „раката да ти се позлати“. Грчева, пак, е влезена ептен во филм дека ќе биде јак фактор, па ветува дека „За милост ќе молат, ќе ја нема“

НОВ БИЗНИС НА МИЈАЛКОВ СО СРПСКИОТ „КРАЛ НА КОЦКАТА“
Мијалкови во текот на овој месец ја формирале компанијата за приредување игри на среќа „Макс Бет“, во партнерство со истоимената српска фирма а на познатиот бизнисмен Саша Марчета, „крал на коцката“. Тој своевремено беше обвинет за нелегално организирање игри на среќа, меѓутоа годинава беше ослободен од обвинувањата

МИЛЕНКО ГУБИ НА СУД, АМА НЕ ПЛАЌА КАЗНИ
Водителот Миленко Неделковски изгуби неколку тужби за клевета и навреда, но досега не брцнал во џебот за да ги подмири долговите. Неговата трансакциска сметка е блокирана, а извршителите чекаат на ред за наплата

„ДОМОТ НА ПЕКОЛОТ“ НЕ СМЕЕ ДА ПРОРАБОТИ
Во најскоро време се планира повторно отворање на Геријатрискиот центар „Бранкица“ во скопската населба Радишани кој беше затворен пред една година откако доби забрана за вршење на дејноста поради лошите услови за живот. Жителите кои живеат во негова непосредна близина тврдат дека ќе се кренат на масовни протести ако Домот повторно проработи

СДСМ ГО ВРАТИ ВМРО-ДПМНЕ ВО ЖИВОТ
Историски гледано, СДСМ отсекогаш го одликувало стратегиско слепило. Во 1990-та не гледаа дека Југославија ќе се распадне, во 2004-та не гледаа дека со нивната ароганција предизвикаа патриотска реакција, која потоа го донесе и десет година го држеше Грујо на власт. И, еве сега, не гледаат дека ЕУ е во процес на распаѓање

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Однесувањето на Иванов веќе не личи на претседател со прецизно утврдени овластувања и должности, туку на владетел кој сам си определува што му е дозволено, а што не, што е вовед во диктатура. Ако овојпат не го потпише указот за објавување на законот за ратификација, мора против него да се покрене обвинение за противуставно дејствување

Денко МАЛЕСКИ
Имаме пред себе еден демократски процес на изјаснување, кој треба да заврши со референдум на кој граѓаните ќе го кажат последниот збор за компромисот меѓу Македонија и Грција. Суштината е дали сакаме да се вратиме на старата политика или сме спремни храбро да зачекориме напред

Ана ПАНОВСКА
Со паметот на партијата што си го милува Ќосето не ќе требаше многу за повторно да заглавиме во џебот на историјата. За среќа, како народ полека излегуваме од таа погубна шема. Сега најтешко му е на ВМРО-ДПМНЕ. Угоре високо, удолу длабоко. Колку и да гракаат и да се силат, тие се сосема свесни дека потпишаниот мировен договор со Грција сосема пие вода

Ерол РИЗАОВ
Највисокиот демократски чин не смее да се одржи ако не бидат обезбедени сите предуслови за слободно изјаснување, ако има страв кај луѓето, ако се присутни закани и насилие, застрашување на граѓаните со уништување на нивниот имот и со нивно прогласување за предавници и непријатели

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Главната димензија на Договорот е расчистување на дилемата: изолација или интеграција. Малите држави се стремат кон каков било облик на интеграција, да бидат дел од големото економско, политичко и воено (немирно) море. Тоа е единствената можност и тактика да се преживее!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Случајот со охридскиот Серпико, алијас Стевче Стевоски, дипломиран криминалист со завршен Факултет за безбедност, полицаец со триесетгодишна кариера, претставува синоним за разнебитувањето на македонските безбедносни служби