СПАСОВСКИ : ПАЛЕВСКИ ПРЕКУ СРБИЈА И БУГАРИЈА СТИГНАЛ ДО БАЛИКЕСИР, ТУРЦИЈА КАДЕ Е ПРИВЕДЕН

0
518

Спасовски на прес конференцијата ја објасни и траекторијата по која Палевски бегал.

Адвокатот го однел во Беград и таму е оставен во хотел, Таму го презема друго лице и со ренџ ровер преку граничниот премин Градина го носи во Бугарија, од каде е транспортиран во Турција каде оди во градот Баликесир.

-Таму нашите служби стапуваат во контакт директно не само со полицијата туку и со еден нивен оперативен извор кој за многу кратко време ни потврди дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни ги кажа неговите намери. Од таму сакал да замине во Истанбул – објасни Спасовски

Тука симулирал дека ќе оди но се вратил во градот и денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен додека се движел пешки по еден од автопатите во градот.