ББС: ГЕРМАНЦИ, СЛОВАЦИ, ХОЛАНЃАНИ СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО СРБИЈА А НЕ САМО МАКЕДОНЦИ

0
1396

Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белградскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација.

Викендов поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.

Има државјани не само од од Северна Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, туку и Германци, Холанѓани и Словаци, објави ББС.

Утрово гужва беше регистрирана и на граничниот премин Табановце за излез од Македонија, но најмногу се чекало на граничните премини на Србија со БиХ. Километарски колони со возила имало и на преминот Хоргош, на влезот во Србија од Унгарија, но исто така и на Батровци и преминот Сид кон Хрватска. Вакцинацијата на странските државјани што започна викендов ќе се спроведе во Белград и Нови Сад.