СПАСОВСКИ : ФАТЕН КРЕАТОРОТ, ПЛАНЕРОТ И ИЗВРШИТЕЛОТ НА УБИСТВАТА

0
290

Креаторот, планерот и директниот извршител на убиствата Љупчо Палевски е фатен во Турција, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој рече е изготвена на 100 страници кривичната пријава против пет лица за грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и 74-годишниот Павле Жежовски.

„Тоа беше последната алка на овој грозоморен чин, кој ни недостигаше за да кажеме дека сме направиле се, со што сме ги разоткриле овие монструми. Вчера попладне, на барање на нашето МВР беше распишана итна меѓународна потреница за лицето Љ.П. од Скопје, барано за тешки дела грабнување и убиство, што е таканаречена црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот свет. Но токму врз основа на наши оперативни сознанија каде се движи бараното лице, не застанавме на тоа, туку продолживме и со билатерлана соработка за фаќањето на овој монструм“, рече Спасовски.

Се заблагодари до пријателска Турција, но и до пријателска Србија, Бугарија и до министрите за внатрешни работи од овие држави. Се заблагодари и на колеги од Хрватска, кои самоиницијативно извршиле проверки на ниваната територија.

„Ако сакаме мир во душите правдата мора да биде спроведена во целост“ рече Спасовски.