(ВИДЕО) ЕПИЛОГ ОД 3 ЧАСОВНАТА ЛИДЕРСКА СРЕДБА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ: Да се прашаат комисијата за заразни болести, ДИК и ОБСЕ околу можен иден датум за избори и потоа лидерска средба наредна недела!

0
1071

Лидерска средба во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се одржа средба на претседателите на политичките партии кои самостојно освоија мандати на последните парламентарни избори, на која се дискутираше за одржувањето на предвремените избори. Со консензус беше одлучено дека здравјето на граѓаните останува приоритет.

Во однос на понатамошните чекори договорено е да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување на изборни процеси во време на пандемијата на КОВИД-19.

Државната изборна комисија е потребно да достави мислење за временските рокови кои и се потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес, а исто така ќе биде побарано и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите.

Почетокот на идната недела ќе има повторно лидерска средба на која ќе се дискутираат понатамошните чекори.