БАБОВСКИ : ЕК ОЦЕНИ ДЕКА ПОГЛАВЈЕТО 12 ИМА ПОСТИГНАТО ВИСОКО НИВО НА УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНОДАВСТВОТО НА ЕУ

0
226

Во период од 27 ноември до 1ви декември 2023 година, се одржа билатералниот скрининг за Поглавјето 12-безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, помеѓу претставниците на надлежните органи на Република Северна Македонија и Европската комисија.На состанокот земаа учество претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, како институција носител на поглавјето, и претставници од Министерството за земјоделство, шуварство и водостопанство.

Како едно од најобемните поглавја, на кое припаѓа голем процент од целокупното ЕУ Acquis, со интензивна агенда од 5 дена, македонските надлежни органи гo презентираа тековниoт статус на степенот на усогласеност на националното законодавство со европското законодавство, како и нивото на спроведување на истото.

Својата посветеност во процесот на отпочнување на преговорите во Поглавјето 12, Европската комисија ја прикажа со ангажирање на повеќе од 50 ексепрти на Генералниот Директорат за здравје и безбедност на храна (ДГ САНТЕ)

-Во текот на петте дена на билатерални состаноци во рамките на скринингот, Европската комисија го поздрави досегашниот прогрес во усогласувањето на македонското законодавството со ЕУ актите, го препозна напорот во процесот на прилагодување на националните системи од областа на безбедноста на храна, ветеринараната политика, како и во фитосанитарната област – изјави директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, во својство на раководител на работната група за Поглавјето 12 и додаде дека во завршните заклучоци на билатералниот скрининг, ЕК, оцени дека Поглавјето 12 има постигнато високо ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ и е во напредна фаза на подготвеност.

– Исто така ЕК посочи дека структурата на Агенцијата за храна и ветеринарство е добро воспоставена, а капацитетите со кои располага се соодветни – изјави Бабовски.По завршувањето на билатераниот скрининг, ЕК ќе подготви официјален извештај за Кластерот 5-ресурси, земјоделство и кохезија, во чии рамки ќе го достави и извештајот за Поглавјето 12, со детална оцена за подотвеност на поглавјето за пристапување кон ЕУ.