На социјалните мрежи се шири лажна вест за делење државјанства и лични карти на мигранти, се работи за грчка дозвола за престој

0
1219

На социјалните мрежи, масовно се споделува лажна вест од различни профили на граѓани.

„Еве вирусот за што го измислија и полициски час ќе воведат и 24 часа, да не гледаме како им се делат на мигрантиве државјанства и лични карти“ – гласи грубата дезинформација покрај фотографијата.

Лажната вест оди со фотографија на неколку момчиња кои во рацете не држат лични карти, во никој случај, не се македонски лични карти. Тоа се картички за идентификација, односно привремена дозвола за работа на грчки јазик.

По краткото следење на лажната вест, може лесно да се утврди дека оригиналната објава е од 31 март годинава и доаѓа од приватен профил на лицето Тони Марков. Објавата во моментот на пријавата на случајот во ЦИВИЛ на 12 април има 759 споделувања.

И покрај укажувањата во коментари од страна на совесни граѓани дека станува збор за грчка картичка за идентификација и дека е лажна вест, изостанува корекција или бришење на оваа содржина. Напротив, таа забрзано се споделува на Фејсбук.

На Фејсбук профилот на лицето Тони Марков, стои дека работи во МВР. Исто така меѓу големиот број споделувачи, се наоѓаат лица вработени и во други јавни институции, а исто така и лица на одговорни и раководни функции, односно тоа се тврди на тие профили. Се разбира, можно е да се работи за лажни идентитети исто колку што е лажна оваа вест.