Македонските служби стапиле во контакт со оперативен извор во Турција со потврда дека Палевски е во Баликесир и дека од тука сака да замине во Истанбул.
Најмен бил такси-возач за да отиде во Истанбул, но повторно се вратил во градот, симулирал одење во Истанбул.
Денеска попладнево е уапсен од турската полиција додека одел пеш низ градот, рече Спасовски и покажа фотографии од уапсениот Палевски испратени од Турција.