ЗАСЛУЖУВАТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ СО ДОСЕГАШНИТЕ РЕФОРМИ И ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, БРИТАНСКАТА АМБАСАДОРКА ГАЛОВЕЈ: БОРЕТЕ СЕ ПОДОБРО СО КОРУПЦИЈАТА, ВИ ПРЕЧИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЕКОНОМИЈАТА

0
1143

“Сите јасно се согласуваме дека членстото во ЕУ е примарна цел и за Северна Макеоднија и за целиот регион. И покрај пречките што се појавуваат на тој пат, не треба да се откажувате” – изјави британската амбасадорка Рејчел Галовеј во обраќањето на првиот Скопски економски форум.

“Во изминатите 3 години, Северна Македонија многу напредна и тоа треба да продолжи. Земјата ги исполни барањата во врска со стабилноста, реформите, договорот со Грција, а членството во НАТО е огромен придонес за мирот и стабилноста во регионот” – рече Галовеј.

Ннајголем проблем е корупцијата, тоа и’ попречува на демократијата и е пречка за развојот на економијата. Многу важна е и регионалната соработка.

“Соработката со Грција напредува и има уште голем потенцијал. Потребна е регионална соработка. Луѓето се најзагрижени поради невработеноста. Реформите треба да одат паралелно со интеграцијата во ЕУ, владеењето на правото и развојот на економијата. Но не сите во земјата и во светот сакаат тие реформи да успеат зашто се водат од своите интереси и ги злоупотребуваат билатералните несогласувања. Шоковите како пандемијата се предизвик. Северна Македонија има амбициозни цели и ако трпеливо и посветено ги решавате предизвиците, земјата ќе биде пример за регионот” – рече Галовеј.